Процес на будење во перименопауза

Со самото влегување во перименопауза, освен телесните и физиолошките промени, настануваат промени и во личниот ментален склоп. Забавувањето на хормоните допринесуваат за намалување на енергичноста и темпераментот што па од друга страна даваат простор за поголема сопствена анализа.

Работите кои до претходно биле приоритет сега стануваат дел од листата на чекање.Потребата за свој личен простор и време станува прв приоритет, се зголемува самодовербата за личниот изглед заради тоа што веќе нема потреба од самодокажување, површните пријателства се веќе во фаза на прекинување,континуираниот стрес за ситни мали работи веќе го нема бидејќи нема време повеќе да се троши енергија на работи кои едноставно неможат да се променат.

Станува полесно изговарањето на зборот “НЕ”, кој досега ретко се употребувал во меѓучовечките односи, вклучувајќи ги работните и семејните.

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started